Чешката полиција денеска побара од Парламентот да го укине имунитетот на мандатарот за состав на нова Влада, Андреј Бабиш, чија партија АНО убедливо победи на неодамнешните парламентрани избори.
Бабиш, кој е еден од најбогатите луѓе во Чешка, е осомничен за злоупотреба на субвенции од Европската унија и измама вредна два милиони евра. Истрагата против него се води од септември, а Бабиш е заштитен со имунитетот што го доби како пратеник.