Чешката армија купува осум израелски радари

Од:

Чешкото Министерство за одбрана соопшти дека одлучило да купи осум радари за потребите на армијата, кои се произведени во Израел.

Министерот за одбрана Мартин Стропницки изјави дека армијата ќе плати 114 милиони долари за осум радари „ЕЛМ 20864 ММР“, произведени од израелската државна компанија ИАИ Елта. Овој тип на радари е користен во израелскиот систем за противракетна одбрана „Железна купола“.

Радарите ќе бидат доставени во периодот од 2019 до 2021 година и ќе ги заменат старите од советско производство.

Стропницки истакна дека новите системи ќе помогнат за безбедност на воздушното пространство на земјата на височина од 100 до 3.000 метри.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница