Во вториот дел од помошта за Унгарија наменета за чување на Шенгенската граница, Чешка ќе испрати повеќе од 25 војници и полицајци, кои вчера беа договорени на седница на Владата, изјави чешкиот премиер Бохуслав Соботка денеска.
За конкретниот број, в четврток ќе разговараат министрите за внатрешни работи на земјите на Вишеградската група, В4 (Чешка, Словачка, Полска и Унгарија), а Соботка оцени дека би било добро да помогнат и Словачка и Полска.
Членовите на чешката Влада, на седницата во понеделникот донесоа одлука да и се помогне на Унгарија со 25 војници, пет товарни возила и полска кујна, кои би биле испратени на два месеци почнувајќи од средината на октомври.
– Би сакале, да не помага само Чешка, туку и Словачка и Полска, рече Соботка, додавајќи дека обликот на помошта зависи од потребите на Унгарија, а ќе ја изнесе на состанокот на В4, унгарскиот министер за внатрешни работи.
Шефот на чешкото МВР претходно изјави дека земјата може да испрати повеќе од 100 чешки војници и полицајци во Унгарија.