Чешка: Уапсени 100 ултрадесничари

Од:

Околу 100 ултрадесничари се приведени во осум градови во Чешка, во текот на демонстрациите против Ромите, соопштија официјални лица.

Во маршот кој што се одржа во Острава, град на североисток на Чешка, учествуваа помеѓу 600 и 800 лица.

Во градот, дошло до судир помеѓу демонстрантите и полицијата која употребила солзавец, за да ги спречи да дојдат до населбата во која што живее поголемиот дел од Ромите.

Портпаролот на полицијата изјави дека околу 60 демонстранти се приведени на сослушување.
Демонстрации со помал обем се одржани во уште седум градови, додека активисти од организациите за заштита на човековите права одржаа контрамитинг во Прага и уште неколку градови.

Организацијата„ Amnesti Internesnal“ на почеток на месецот изрази загриженост поради најавените демонстрации против Ромите, апелирајќи на владата да обезбеди протестите да не резултираат со насилство против ромските заедници, и на оние на кои им се заканува опасност да им обезбеди заштита.

Во Чешка живеат помеѓу 250.000 и 300.000 Роми. Според резултатите од анкетата на Агенциите на ЕУ за основните човекови права од 2011 година, повеќе од 80 проценти, Роми навеле дека почувствувале дискриминација во претходната година.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Торнадо во Чешка подигна трамболина, а камењата летаа насекаде

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски