Чешка сака на англиски јазик да биде Чехиа

Од:

Чешката Република во дата базата на Обединетите нации во преводот со еден збор треба да биде наведена како Чешка, а на англиски јазик како Чехиа, изјави денеска чешкиот министер за надворешни работи Лубомир Заоралек.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, според соопштението на Канцеларијата на претседателот на државата Милош Земан, покрај преводот на името на Чешка на шест други јазици, ќе се разговара и за миграциската криза и ситуацијата во Европската унија.
– Верувам дека на средбата на највисоките политички претставници, утре,  јасно ќе се објасни дека  дека ние сакаме краткиот назив на нашата земја да биде Чешка и подоцна официјално ќе се побара да биде воведен краткиот превод, рече Заоралек, кој смета дека скратената верзија на земјата полесно се памти.

Во базата на податоци на ОН, секоја држава има официјално политичко име, а може да има и кратка географска верзија.

Во двата назива исто така, се наведени и соодветни преводи на шест официјални јазици на ОН, англиски, француски, арапски, кинески, руски и шпански јазик.

Чешка на оваа листа е преведена како Чешка Република.

Англискиот превод ,,Чехиа” го употребува Земан на своите службени патувања.
Тој често пати знае да каже дека таа кратенка звучи поубаво.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница