Чешка преговара со Германија за купување тенкови, своите ги праќа во Украина

Од:

Официјална Прага преговара со Берлин за купување германски тенкови, што ќе и овозможи на Чешка да испрати повеќе тенкови од советската ера во Украина, изјави синоќа министерката за одбрана Јана Чернохова.

Чешка би можела да набави тенкови Леопард од Германија, веројатно не најмодерна варијанта, изјави Чернохова за чешката телевизија.

– Мислам дека сме на вистинскиот, добар пат, рече таа.

Таа додаде дека тие би можеле да бидат „некаде на средина“ помеѓу старите Leopard 1 и поновите Leopard 2 верзии.

Чешка има 30 модернизирани тенкови Т-72 и уште неколку десетици кои не се модернизирани.

Од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, Чешка испрати некои од своите немодернизирани тенкови во Украина.

Чесите испратија и тешко оружје во Украина од воени складишта и приватни компании за оружје, вклучувајќи артилерија, борбени возила, противвоздушна опрема и повеќецевни ракетни фрлачи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски