Чешка подготвена да прифати Сиријци од Турција

Од:

Според чешкиот премиер Бохуслав Соботка, Чешка е подготвена да прими сириски бегалци директно од Турција, јави дописникот на МИА од Прага. 

На тој начин би можела да исполни дел од квотата одредена за трансфер на бргалци во рамки на Европската унија, иако земјата и натаму одбива зголемување на нивниот број.

Турција предлага, земјите на ЕУ да земат по еден Сириец за секој граѓанин од оваа земја погодена од граѓанска војна, кој нелегално ќе стигне во Грција и го врати назад на турска територија.

– Доколку се работи за таков систем ,,еден за еден”, тогаш тоа е секако работа која ќе биде привремена, затоа што нена да биде за ниеден Сириец ефектно, да плаќа на илегалните превозници само за тоа да стигне до Лезбос и пак да биде вратен во Турција, рече Соботка.

Тој оцени дека ваквиот систем ќе важи само на почетокот и ќе се „истроши”. Тој истакна дека верува дека меганизмот може да го намали миграцискиот ток.

Чешка минатата година доброволно се пријави да преземе 1.100 мигранти од Италија и Грција на своја територија.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница