Чешка планира да организира вонреден самит на ЕУ поради цените на струјата и на гас

Од:

Претседавачот со Европска Унија, Чешка планира да организира вонреден самит на ЕУ, изјави денеска чешкиот министер за индустрија и трговија Јозеф Сикела.

– Пазарот е надвор од контрола, флуктуациите на пазарните цени престануваат да реагираат на добри вести и се акумулираат само лоши вести, а тоа ги турка цените нагоре. Ова е проблем за цела Европа и секако ако имате европски пазар и европски проблем, тогаш наједноставното решение се бара на европско ниво, истакна Сикела.

Тој додаде дека зголемување на цената на електричната енергија за 20 отсто пред два дена е ургентна тема.

– Мислам дека проблемот со драматичното поскапување за 20 отсто завчера е итен. Треба да видиме дали поскапувањето ќе продолжи. Ако е така, навистина е итно, истакна Сикела.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски