Чешка планира да формира Центар за борба против „лажни вести“

Од:

Чешката Влада планира да формира Центар за борба против дезинформации во кибер просторот и да се спротивстави на лажните вести, претежно за мигрантите, за кои Прага смета дека во најголем дел потекнуваат веб страните поддржани од страна на руските власти.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, Центарот би имал за цел да се спречи влијанието врз следните парламентарни избори во Чешка, кои ќе се одржат идната година во октомври.

Иако е тешко да се докаже, официјални извори тврдат дека Кремљ финансира речиси 40 интернет страници на чешки јазик, кои презентираат радикални ставови, теории на заговор и неточни извештаи.

– Клучната цел на руската пропаганда во Чешката Република е да се посее сомнеж во умовите на луѓето дека демократијата е најдобар систем за организирање на земјата, да се изградат негативни слики за Европската унија и НАТО, како и да се обесхрабрат луѓето да учествуваат во демократските процеси, изјави за британскиот весник „Гардијан“, генералниот секретар за европски прашања во чешката Влада, Томаш Проуза.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница