Чешка пејачка намерно се зарази со коронавирус и почина

Од:

Чешката пејачка Хана Хорка, противник на вакцинацијата против коронавирус, почина на 57-годишна возраст откако намерно се зарази со вирусот за да добие ковид потврда, соопшти нејзиното семејство.

Нејзиниот син Јан Рек изјави дека неговата мајка одбила да се вакцинира и намерно се изложила на вирусот со кој тој и неговиот татко, двајцата вакцинирани, се заразиле пред Божиќ.

– Таа одлучи дека ќе живее нормално со нас и повеќе би сакала да го добие вирусот отколку да се вакцинира, рече Рек.

Два дена пред смртта, пејачката на чешката фолк група Асонанс на социјалните мрежи напиша: „Преживеав. Беше живописно. Сега ќе има концерти, театри, сауни, патувања до морето“.

Во Чешка, потребен е доказ за вакцинација или доказ за неодамна прележан Ковид-19 за присуство на социјални настани.

Нејзиниот син ги обвини локалните анти-ваксери за смртта на неговата мајка и рече дека „ја имаат нејзината крв на своите раце“.

– Точно знам кој го оформил нејзиното мислење. Тажен сум што повеќе им веруваше на непознати луѓе отколку на семејството и на нејзините тези за стекнување природен имунитет преку изложеност на болеста, рече Јан Рек.

Во земјата во ек е нов бран на пандемијата, при што вчера беа евидентирани околу 20.000 новозаразени со коронавирус.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Петр Павел: Мора да бидеме подготвени за тоа дека САД ќе не остават на цедило

А1он

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага