Чешка останува на ставот за одбивање на мигрантски квоти

Од:

Дури и ако денес, министрите за внатрешни работи на Европската унија донесат одлука за усвојување на квоти за прераспределба на бегалците, системот нема реално да функционира, смета чешкиот премиер Бохуслав Соботка.

– И министерот за внатрешни работи денеска и јас утре, на состанокот на претседателите на владите ќе одбиеме било каков предлог за воведување на траен механизам за прераспоредување на бегалците, рече Соботка.

Според него, не постојат правни инструменти кои би овозможиле функционирање на таквиот систем, јави дописникот на МИА од Прага.

– Работата, за Европската комисија (ЕК) може да заврши како голема бламажа, изјави Соботка, денеска во чешкиот главен град, пред заминувањето на министерот за внатрешни работи, Милан Хованец на состанокот на ЕУ.

Хованец денеска во Брисел ќе разговара со останатите свои колеги од ЕУ за да се воведат задолжителни квоти за прераспределба на 120.000 бегалци од Италија, Грција и Унгарија. Чешка, заедно со другите земји на Вишеградската четворка -В4 (Полска, Унгарија и Словачка) го одбива предлогот, а сличен став имаат и некои други земји на ЕУ.

Соботка оцени, дека европската миграциска политика сега не функционира и треба да се смени, ја потенцираше потребата од подоследна заштита на шенгенската граница или поефикасно разграничување на економски и воени бегалци.

Според него, ЕУ треба да се подготви на втор бран на бегалци.

За Соботка и чешката страна има недостатоци кога се работи за прашањето на бегалците. Чешка, на пример, не прави максимум за да им помогне на регионите со големиот број на бегалци, како Турција и Јордан.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница