Чешка одлучи единствената нуклеарка во земјата да биде надградена и проширена

Од:

Чешкиот регулатор за нуклеарна енергија денеска одобри изградба на два нови нуклеарни реактори во електрана во близина на селото Дуковани, во централниот дел на земјата.

Регулаторот СУЈБ денеска ја издаде соодветната дозвола по проценката на проектот за проширување на нуклеарката, согласно Законот за атомска енергија, што траеше една година.

– Не се утврдени факти што би спречиле проширување на нуклеарната централа, соопшти нуклеарната физичарка Дана Драбова, претседателка на СУЈБ.

Нуклеарната централа Дуковани се наоѓа на скоро 100 километри северно од австриската престолнина Виена и околу 200 километри источно од германскиот град Пасау, потсетува агенцијата ДПА.

Во моментов, во нуклеарката во функција се четири реактори постари од 30 години, со вкупен капацитет за производство од 2.040 мегавати електрична енергија.

Електричната енергија произведена во таа нуклеарна централа моментално покрива околу петтина од вкупните потреби на електрична енергија во Чешка.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница