Чешка одбележува 44 години од смртта на Јан Палах

Од:

Чесите денеска одбележуваат 44 години од смртта на младиот студент Јан Палах, кој во центарот на Прага се самозапали во знак на протест против советската окупација на поранешна Чехословачка, јави дописникот на МИА од чешката метропола.

Палах во 1969 година стана симбол на современиот отпор на Чесите и Словаците за слобода и на денот на неговиот погреб учествуваа неколку десетици илјади луѓе, во знак на општ протест поради тогашната политичка ситуација во која се наоѓаше Чехословачка.

– Тој избра две едноставни барања. Првото беше, укинување на цензурата, а второто стопирање на забраната за ширење на вестите, што беше спроведуван од окупаторската војска, објаснува историчарот Петр Блажек.

Според него, тогашната јавност не била подготвена за шокирачката форма на протестот на Палах, а со неговиот погреб заминал и херојот, чии барања не биле исполнети.

Сепак, во следниот период се случија уште неколку самоубиства, кои ја потресоа јавноста.

Студентот Јан Зајиц се запали на истото место како и Палах два месеца подоцна, додека Евжен Плоцек на истиот начин го покажа своето незадоволство во чешкиот град Јихлава.

И неколку години подоцна, неколку млади Чеси се самозапалија и починаа најверојатно инспирирани од несреќната популарност на Палах.

Причините поради кои Зденек Адамец се самозапали во март 2003 година, на истото место каде е и споменикот на Палах, не беа познати, но пораката која ја оставил на интернет го поврзува неговото самоубиство со оние во 1969 година. Истата година се случија уште неколку слични самоубиства во повеќе чешки градови.

По падот на комунизмот, Палах е посмртно одликуван со бронзен крст кој е вграден на плочата поставена на местото каде што се запали пред Националниот музеј на Вацлавскиот плоштад во центарот на Прага.

Кон крајот на минатата година, неколку пратеници поднесоа предлог, 16 јануари да биде прогласен за ден на сеќавање на чинот на тогашниот студент Јан Палах.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Торнадо во Чешка подигна трамболина, а камењата летаа насекаде

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски