Чешка нема да присуствува на врачувањето на Нобеловата за мир

Од:

 На доделувањето на Нобеловата награда за мир, која годинава ја доби Европската унија, нема да присуствуваат шест земји, меѓу кои и Чешка, јави дописникот на МИА од Прага.

Иако официјалните органи на ЕУ не сакаат да шпекулираат која е причината за неучеството на чешкиот претседател Вацлав Клаус, сепак може да се претпостави дека зад тоа стои неговиот непроменет евроскептицизам.

Кога беше објавено дека ЕУ е добитник на престижната награда, Клаус искоментира дека помислил оти се работи за шега.

Чешкиот министер за надворешни работи Карел Шварценберг, кој е и еден од кандидатите за иден претседател на Чешка, потврди дека Клаус ја одбил поканата за учество на свеченоста по повод доделувањето со оглед на неговиот постојан конзистентен став кон ЕУ.

– Јас би го поздравил учеството на Чешка на таков исклучителен настан, бидејќи ние живееме во средината на Европа, додаде Шварценберг.

Според анкетите кои се појавија на интернет, во врска со бојкотот на чешкиот претседател на доделувањето на Нобеловата награда за мир, мнозинството Чеси гласале за тоа дека е исправно Чешка да не учествува на церемонијата бидејќи ЕУ не ја заслужува наградата.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски