Чешкиот министер за одбрана Мартин Стропницки денеска изјави дека Армијата може да понуди повеќе од 2.500 војници за решавање на бегалската криза.
– Армијата има задача да ги чува границите и да делува таму каде
што никнува конфликтот, изјави Стропницки за Чешката државна телевизија.
Според него, Чешка на Самитот за бегалската криза в среда, треба не само да ги блокира квотите, туку исто така да излезе со конструктивен предлог. На пример, да се постави камп за бегалци во Унгарија.
Тој смета дека на Самитот треба јасно да се каже што значи заштитата на надворешната шенгенска граница, за да не се случи некој да и забележи на Унгарија за оградата, а на Грција дека недоволно ги заштитува островите.
Стропницки цитирајќи јордански дипломат рече дека непримените бегалци ги врбува Исламската држава (ИС), а информираше дека првобитниот план за организирање на мобилна болница во Јордан, предложен од претседателот Милош Земан пропаднал.
За Стропницки е јасно дека проблемот е што богатите земји на Персискиот залив не сакаат да примат повеќе бегалци од Сирија и затоа треба да им се помага земјите кои се соседи на Сиријците.