Чешка од 18 јули ќе почне да нуди втора засилена доза на вакцина против Ковид-19, препорачувајќи ја за луѓе постари од 60 години и за оние во ризични групи, соопшти Министерството за здравство.
Бустер дозите ќе бидат достапни за сите постари од 18 години и ќе бидат доброволни, наведуваат здравствените власти.
„Сакам сите кои се заинтересирани да имаат пристап до вакцинација“, рече чешкиот министер за здравство Властимил Валек.
Во понеделникот, властите забележаа повеќе од 2.000 случаи на инфекција за првпат од април, но бројот на хоспитализирани лица нема значително зголемување.
Сепак, Валек рече дека се разработуваат планови за воведување рестриктивни мерки.
Извор: МИА