Во Чешка се регистрирани уште 8.713 нови случаи на коронавирус, што е најголем број забележан во викенд во таа земја, која моментно има највисока стапка на зараза со вирусот во Европа.
Заменик премиерот Карел Хавилчек најави дека за најмалку две недели Владата ќе одлучи дали ќе воведе целосен карантин за спречување на епидемијата.
Во Чешка веќе се затворени ноќните клубови и ресторани, спортски и фитнес центри, театри и кино сали, училиштата имаат онлајн настава, но продавниците се уште се отворени.
Европскиот центар за превенција и контрола на болести соопшти дека во Чешка се регистрирани 828 случаи на зараза на 100.000 жители во послендите две недели, што е десет пати повеќе отколку во соседна Германија.