Според податоците објавени денеска од страна на Заводот за статистика на Чешка, во првите три квартали од годинава, во земјата населението се зголемило за 18.600 на 10.572.400 луѓе, јави дописникот на МИА од Прага.
Според аналитичарите, зголемувањето, во најголема мера се должи на миграцијата и тоа во најголем број доселеените Словаци и Украинци во земјата.
Исто така, бројот на родени деца е поголем од бројот на луѓе кои починале.
Во првите девет месеци од годинава, 85.400 биле родени деца, што претставува зголемување за 1.200. Од нив, 48,6 проценти се родени од самохрани мајки.
Во истиот период, починале 79.400 чешки граѓани, што е за 5.000 помалку од лани, кога бројот на умрени лица беше највисок во последните 18 години.