Во врска со синоќешниот напад во во Берлин, чешката полиција ги зајакнува безбедносните мерки на местата со висока концентрација на луѓе, јави дописникот на МИА од Прага.
Министерот за надворешни работи Милан Хованец, изјави дека најдоцна до денеска наутро на чешките улици ќе бидат распоредени полицајци со автоматско оружје.
Тој, не конкретизираше дали постои можност за зголемување на степенот на опасност од тероризам и не ја исклучи можноста во заштитата на безбедноста да се вклучи и Армијата.
– Распоредувањето на војската се применува само во случај ако се зголеми загрозувањето на Чешка од терористичка закана, рече Хованец, додавајќи дека засега нема причина да се зајакнат патроли на чешко-германската граница.
Синоќа, во централната област на Берлин, Шарлотенбург, камион се втурнал во посетителите на Божиќниот пазар при што најмалку 12 загинаа, а 48 се повредени.