Чешката Влада усвои план за зајакнување на полициските сили по серијата терористички напади во Велика Британија и други делови на Европа.
Чешкиот министер за внатрешни работи Милан Хованец изјави дека целта на тој долгорочен план е да се оспособи полицијата за „нови безбедносни закани, како што е тероризмот“.
Една од целите на планот е да се зголеми бројот на полицајците за 10 отсто, односно од 40.000 да достигне 44.000 припадници.
Премиерот Бохуслав Соботка истакна денеска дека со јакнењето ќе се придонесе за зголемување на безбедноста на нуклеарните постројки и унапредување на полициските сили во борбата против кибер криминалот.