Чешка ги повика своите граѓани да ја напуштат Русија

Од:

Чешка ги повика своите граѓани да ја напуштат Русија поради влошување на безбедносната состојба, соопшти нејзиното Министерство за надворешни работи.

„Со оглед на воената инвазија на Руската Федерација во Украина што е во тек и можната закана за влошување на безбедноста во земјата, особено за граѓаните на државите членки на ЕУ и НАТО, чешкото Министерство за надворешни работи силно повикува на напуштање на територијата на Руската Федерација“, се наведува во соопштението.

Изминатите денови ист повик за своите граѓани упатија и други членки на Европската Унија, вклучувајќи ги Полска, Романија и Бугарија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Петр Павел: Мора да бидеме подготвени за тоа дека САД ќе не остават на цедило

А1он

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Русите стигнаа на 8 километри од Покровск

Предраг Петровиќ

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина