Чешка дипломатија: Русија ги повредува човековите права во Крим

Од:

Состојбата на човековите права во Крим по неговата анексија од страна на Русија, според Чешката амбасада во Киев драматично се влошува.

Како што информираше Чешкото радио, повикувајќи се на таен извештај на амбасадата на Прага, Русија врши масовни репресии врз жителите на Крим и ги нарушува човековите права и слободи, јави дописникот на МИА од Прага.

Според дипломатски извори, извештајот е од минатото лето, но слични информации доаѓаат  постојано. Според писмото, регистрирани се случаи на тортура, тепање, заплашување, задржување и лажни обвиненија не само врз активистите, туку  и врз обичните граѓани, особено врз кримските Татари.

Кримскиот парламент прогласи независност на полуостровот во Украина пред една година и четири дена подоцна официјално се припои кон Руската Федерација.

Киев одбива да го признае овој потег и се уште го смета Крим како нејзина територија.

Со образложение дека е потребна заштита на животите на Русите и по барање на шефот на кримската автономна Влада, Сергеј Аксионов, Москва распореди војници во Крим, што според критичарите на Кремљ е обид да се анексира Крим и особено стратешките пристаниште Севастопол.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он