Челси Менинг по седум години на слобода

Од:

оранешниот американски војник Бредли Манинг кој во меѓувреме го смени полот и сега е Челси Менинг, денеска е ослободен, по седум години поминати во воениот затвор во сојузната држава Канзас.

Менинг беше осуден на 35 години затвор за откраднување на илјадници доверливи диломатски писма и телеграми и воени фајлови, што потоа му ги предаде на Викилиск, каде беа објавени.

Во обвинувањето на судењето, Менинг се товареше за 20 кривични дела меѓу кои и за шпионажа.

Во јануари оваа година, откако војникот стана жена, поранешниот претседател Барак Обама одлучи да се помилува Челси Менинг, објаснувајќи дека „доволно пропатила“ за она што го има направено.

Во тект на судењето, Менинг се бранеше дека со својата постапка само сакала да покрене јавна дебата во САД за за улогата на армијата и армискиот врв во американската надворешна политика.

Подоцна Челси Менинг се извини за штетата што и ја направи на државата.

– Погрешно верував дека може да го променам светот на подобро, изјави Менинг во текот на издржувањето на затворската казна.

Во едно интервју, таа тогаш призна дека од свето детство се гледала себе си како жена и сакала да биде женско, што сега најпосле го направила.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД