Претседателот на Венецуела Уго Чавез повторно е избран за шеф на државата на претседателските избори, соопшти изборната комисија. Според непотполните резултати Чавез освои повеќе од 54% од гласовите, а неговиот главен ривал Каприљес 45%.
На гласањето излегле повеќе од 80% од регистрираните 19 милиони гласачи.
Ова е трета изборна победа за Чавез во скоро 14 години владеење.
Каприљес му ја честиташе новата победа.
„Сакам да му честитам на кандидатот, претседателот Уго Чавез“, рече Каприљес во својот изборен штаб и им заблагодари на повеќе од 6 милиони луѓе кои гласале за него.
„Барам од оној кој останува на власт да покаже почитување кон граѓаните кои не се согласуваат со оваа влада“, додаде Каприљес на крајот на говорот.
Чавез освои преку 7.4 милиони гласови, што е за 1.2 милиони повеќе од Каприљес, наведе претседателот на изборната комисија.