Претседателот на Венецуела, Уго Чавез е убеден дека зад тргањето од власта на претседателот Фернандо Луго со импичмент во паралемнтот на Парагвај, стои наркомафијата.
Причината за импичмент Фернандо Луго кон крајот на јуни, беше неподобното извршување на неговите должности. Директна причина беше судирот меѓу безимотните селаните и полицијата на 15-ти јуни во кој загинаа 17 луѓе. По импичментот на Луго, должностите шеф на државата ја презеде потпретседателот Федерико Франко, за периодот до април 2013 година, кога во Парагвај се закажани општи избори.
Дејствието на парагвајаскиот парламент беше критикувано од страна на многу земји, голем број држави ги повлекоа своите амбасадори, вклучувајќи ја и Венецуела, а регионалните организации, како Јужноамериканкиот заеднички пазар и Унијата на јужноамерикански држави го суспендираше членството на Парагвај во нив.
„Наркомафијата стои за превратот, соборувајќи го од власт нашиот другар, претседателот Фернандо Луго. Тие (наркомафијата) се инволвираа во редовите на десничарски партии на Парагвај”, додаде Чавез во својот говор во саботата на државната телевизија.
Отстранувањето од власта на парагвајскиот колега Луго, Чавез го нарече акт насочен против достоинството на сите народи на Латинска Америка. „Демократијата во Парагвај наскоро ќе се врати на својата позиција”, изјави претседателот на Венецуела.