Претседателот на Венецуела Хуго Чавез на седница на Влада зборувал повеќе од два часа и изразил оптимизам за неговиот реизбор на претседателските избори кои ќе се одржат на седми октомври.
Чавез во текот на седницата, одржана една недела откако се вратил од третманите против рак кои што ги правеше во Куба, рекол дека планира почетокот на јуни, званично да се кандидира за претстојните избори.