Венецуелскиот претседател Уго Чавес заздравува задоволително по операцијата на рак во Куба и разговарал со своите роднини, соопшти владата.
– Закрепнувањето е бавно, но прогресивно, изјави министерот за информации, Ернесто Виегас.
Уго Чавес (58) во вторникот имаше четврта операција од рак во Хавана, откако беше утврдено дека болеста повторно се појавила наспроти претходните хируршки интервенции.
Во владиното соопштение се наведува дека за време на шестчасовната операција дошло до компликации и обилно крварење, но пациентот реагирал позитивно на преземените мерки.
Виегас, исто така, нагласи дека Чавес разговарал со своите роднини, како и дека пратил поздрав до целиот венецуелски народ.