[staff name=”Eлена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Претседателот на Венецуела, Уго Чавес има проблем со дишењето и говорот, изјави министерот за информации Ернесто Вилјегас откако во Каракас објавија фотографии на шефот на државата по операцијата.
-Респираторната инфекција, која се случи за време на постоперативниот процес е под контрола, но претседателот во одредена мера има тешкотии со дишењето- изјави министерот.
Владата на Венецуела во петокот објави фотографија од болниот претседател, два месеци откако замина на лечење во Куба.
Официјални лица од Венецуела соопштија дека Чавес по операцијата на ракот, е под сериозени медицински третмани, но дека ги надминал компликациите, вклучувајќи ја и тешката респираторна инфекција.