Претседателот на Венецуела Уго Чавес, кој е на лекување во Хавана, во новогодишната честитка до вооружените сили порача дека и натаму ќе му служи на венецуелскиот народ и покрај здравствените проблеми.
– Овие денови на Божик, доаѓањето на Месија (…) повторно се борам за своето здравје, за потоа целосно да се посветам на среќата на Венецуела, се наведува во пораката на Чавес, што беше прочитана на националната телевизија од потпретседателот Николас Мадуро.
Чавес изрази целосна доверба во вооружените сили и му се заблагодари на народот за желбите за негово оздравување.
За 10 јануари предвидена е инаугарација на Чавес во новиот мандат до 2019 година. Но, поради неговата здравствена состојба не се исклучува пролонгирање на инагурацијата или пак можно е полагање на заклетва во Амбасадата на Венецуела на Куба.