Чавес претрпел „нови компликации“ по операцијата во Куба

Од:

Венецуелскиот претседател Уго Чавес претрпел „нови компликации“ по операцијата во Куба, изјави вицепретседателот Николас Мадуро, цитиран од американските медиуми.

Вицепретседателот не даде детали за какви компликации станува збор. Според него, тие биле поврзани со дихателна инфекција.

Мадуро во говор за телевизијата од Куба кажа дека состојбата на Чавес и натаму е „деликатна“.

-Пред неколку минути бевме кај претседателот Чавес. Се поздравивме и самиот тој спомена за овие компликации, изјави Мадуро, а до него беа најголемата ќерка на Чавес Роса, и неговата сопругат Хорхе Ареаса и генералниот обвинител Силија Флорес.

Изјавата на вицепретседателот претпоставува дека здравјето на Чавес се влошува.

Венецуелскиот лидер јавно не се појавил, ниту давал изјава, откако на 11 декември ја имаше четвртата операција од рак, и според владини претставници тој може да не се врати на време во земјата до 10 јануари, за кога е закажана церемонијата на стапување на должноста за новиот шестгодишен мандат.

-Претседателот ни даде точни насоки, откако ќе ја завршиме посетата, на народот на Венецуела да му кажеме каква е неговата здравствена состојба во моментов, изјави Мадуро.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски