Претседателот на Венецуела Уго Чавес и натаму има проблеми со дишењето по враќањето од Куба, соопштија денеска венецуелските власти.
Министерот за информирање Ернесто Виљегас изјави дека Чавес и натаму се наоѓа во воената болница во Каракас, што се првите официјални податоци за здравствената состојба на шефот на државата откако се врати во Венецуела на почетокот на неделата.
Чавес, кој боледува од рак е опериран во Хавана на 11 декември, по четвртти пат во период од 18 месеци, а по последниот зафат доби и тешка респираторна инфекција.
Тој на власт е веќе 14 години, а повторно е избран за уште еден шестогодишен мандат минатиот октомври.