Чавес го прослави 58-от роденден на митинг

Од:

Венецуелскиот претседател Уго Чавес го прослави 58-от роденден на предизборен собир во рамки на претседателската кампања, по што објави оти е излечен од рак.

Чавес се возеше одозгора на камионот и им мавташе на приврзаниците во сиромашниот дел на Каракас, Петареу. Тој ги прегрнуваше своите две ќерки на сцената и пееше и играше заедно со бендот. Неговите приврзаници му пееја: Среќен роденден.

„Сакам на сите да им се заблагодарам на пораките кои ми пристигнуваат. Успеав да дотуркам до 58, рече Чавес“, додавајќи дека по телефон го побарал Раул Кастро и оти се слушнал со сојузнциите во Боливија и Никарагва.

Чавес порано овој месец објави дека е излечен од рак по повеќемесечно лекување и шпекулации за тоа дали ќе биде во состојба да ја води предизборната кампања.

Би можело да ве интересира

Регионот ја криткува за Венецуела и Мадуро, Брнабиќ одговара: Не ги забораваме пријателите

Предраг Петровиќ

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот