Чавес го назначи Елиас Хава за нов министер за надворешни работи

Од:

Претседателот на Венецуела Уго Чавес, кој го продолжува лекувањето на Куба по операцијата од рак, „од болничкиот кревет направи некои промени во владата“, соопшти венецуелскиот вицепретседател Николас Мадуро, цитиран од агенциите.

За нов министер за надворешни работи е назначен поранешниот вицепретседател Елиас Хава.

Како вршител на должноста претседател во отсуство на Чавес, вицепретседателот Мадуро имаше кратко обраќање до нацијата, посветено на состојбата во земјата, а кое беше напишано од шефот на државата, пренесоа американските медиуми.

Говорот на Чавес, посветен на состојбата на земјата и оддржан пред парламентот во текот на јануари минатата година, траеше цели девет часа.

Мадуро лаконски соопшти дека „нашиот лидер продолжува да се бори“, но не даде никаква информација за неговата реална здравствена состојба. Официјалната верзија е дека Уго Чавес заздравува од „острата респираторна компликација“ по операцијата.

И покрај протестите на опозицијата, парламентот на Венецуела на неопределено време го одложи официјалното стапување на Чавес на должноста за новиот мандат.

Би можело да ве интересира

Регионот ја криткува за Венецуела и Мадуро, Брнабиќ одговара: Не ги забораваме пријателите

Предраг Петровиќ

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот