Авион „Цесна“, кој непланирано прелета над Вашингтон, се урна во американската сојузна држава Вирџинија и никој не ја преживеал несреќата, соопштија властите.
Борбен авион на Пентагон одговориле на прелетот на „цесната“, предизвикувајќи пробивање на звучна бариера во пошироката област на Вашингтон.
Полицијата соопшти дека спасувачите пристигнале на местото на несреќата во руралната долина Шенандоа и констатирале дека во падот на малиот авион никој не преживеал, пренесе АП.
Федералната управа за авијација соопшти дека aвион „Цесна“ полетала од Елизабетон, Тенеси и се упатил кон аеродромот Мекартур на Лонг Ајленд.
Од непознати причини, авионот го надлета њујоршкиот Лонг Ајленд и леташе во права линија над Вашингтон пред да се урне над планински терен во близина на Монтебело, Вирџинија.
„Цесната“ леташе директно над Вашингтон, иако е еден од најограничените воздушни простори во земјата. Неименуван американски функционер потврди за АП дека воен авион ја пресретнал „Цесната“, но никој не одговорил на радио пораките.
Командата за воздушна одбрана на Северна Америка соопшти дека Ф-16 бил овластен да патува со суперсонична брзина, предизвикувајќи звучна бариера што се слушна во Вашингтон и делови од Вирџинија и Мериленд.
Авионот што се урна е регистриран на Енкор Моторс со седиште во Флорида. Џон Рампел, кој ја води компанијата, изјави за Њујорк Тајмс дека во авионот биле неговата ќерка, двегодишната внука, нејзината дадилка и пилотот.
Тој рече дека се враќале дома во Ист Хемптон, Лонг Ајленд, откако го посетиле неговиот дом во Северна Каролина. Рампел рече дека авионот можеби се урнал затоа што изгубил притисок.