ЦЕРН тргнува во потрага по темната материја

Од:

Европската организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН) соопшти дека покренува нов експеримент во потрага по честички поврзани со темната материја, како што се црните фотони.

Оттаму наведуваат дека новиот експеримент ќе се однесува, пред сѐ, на честичките коишто имаат меѓусебна слаба реакција.

Некои од тие честичките се поврзани со темната материја, која е еден вид хипотетичка материја, што не е чувствителна на електромагнетната сила и не може да емитува светлина, поради што потешко се открива. Тоа е маса којашто, според претпоставките, претставува околу 27 отсто од вселенското пространство и ги држи галаксите заедно, но е невидлива и научниците се свесни дека малку знаат за неа.

ЦЕРН во своите подземни простории на швајцарско-француската граница, близу Женева, го има најголемиот акцелератор за честички во светот – таканаречениот Голем јадрен колајдер. Тој, според научниците, не може да ги открие тие хипотетички честички, поради што наскоро ќе биде поставен нов детектор којшто ќе бидер задолжен токму за нив, посебно за црните фотони, како и оние нарекувани неутрино, исто така поврзани со темната материја.

Првите резултати се очекуваат по 2020 година. Доколку експериментот биде успешен, физичарите ќе можат појасно да ги согледуваат поединечностите за темната материја.

Видлив дел од темната материја е нејзиното содејство со гравитацијата. Големиот јадрен колајдер е користен, меѓу другото, и за откривањето субатомски честички за коишто науката долго теоретизираше, а познати како Хигсов бозон или Хигсова честичка, без која другите честички не би можеле да бидат поврзани и без којашто не би постоела материјата.

Франсоа Англер и Питер Хигс за откривањето на Хигсовата честичка во 2013 година ја добија Нобеловата награда за физика.

Би можело да ве интересира

ЦЕРН и го укина статусот на набљудувач на Русија

А1он

Вашингтон, Москва, Пекинг, Лондон и Париз се обврзаa да го спречат ширењето на нуклеарното оружје

А1он

Отворена постројка за истражување на канцер во ЦЕРН

Наум Локоски

Центар на ЦЕРН вреден милиони евра ќе се гради во Србија

Ана Ололовска

ЦЕРН го пушти во употреба најмоќиот забрзувач на честички во светот

Ана Ололовска

ЦЕРН покрена истрага поради филмот за принесување на човечки жртви

Емир Латифовиќ