Церемонијална оставка на белгиската Влада

Од:

Белгискиот премиер Елио ди Рупо денеска до кралот Филип доставa оставката на Владата, која тој не ја прифати оставката.

Ритуалот е дел од традицијата на Белгија. По крунисувањето на новиот крал, Владата, што му служела на претходниот монарх, е должна да поднесе оставка, во знак на почит кон новиот владетел.

Но, од друга страна и новиот крал е должен да ја одбие оставката на Владата. Кралот Филип вчера положи кралската заклетва пред Парламентот и со тоа стана седмиот монарх на Белгија, откако неговиот 79-годишен татко Алберт абдицираше.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Оружен инцидент во Брисел: Маскирани напаѓачи пукаат кон цивили

Горан Наумовски

Драма во Белгија: Вооружен маж се обиде да влезе во премиерската резиденција

Пукотница во Андерлехт: Едно лице загина, друго е повредено

Горан Наумовски

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети