Церемонија на доделување на наградата „Сахаров“

Од:

Во Стразбур денеска ќе се одржи церемонијата на врачување на наградата на Европскиот парламент за човекови права „Сахаров“, чиј овогодишен лауреат е либералниот саудиски блогер Раиф Бадави, кој се наоѓа в затвор во Саудиска Арабија под обвинеие за „навреда на Исламот“.

Бадави беше избран за добитник на наградата „Сахаров“ во октомври годинава, поради како што образложи претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц, „исклучителната храброст што ја покажал и покрај изрекувањето на една од најстрогите казни“ во Саудиска Арабија.

Како што јави ДПА, во името на Бадави, наградата ќе ја прими неговата сопруга Енсаф Хајдер, која изјави дека таа „претставува најголем чекор кон негово ослободување“.

– Би сакала да можеше лично да ја прими, но за жал тој не е тука, нагласи Хаидер, која заедно со нивните три деца живее во Канада.

Бадави (31) беше уапсен поради упатените критики на сметка на саудиската верска полиција на еден интернет форум. Тој официјачно беше обвинет за „навреда и Исламот“ и осуден на десет години затвор и илјада удари со камшик.

Минатата недела Бадави започна штрајк со глад поради „пренатрупаност на затворот“ во кој се наоѓа, на околу сто километри од саудискиот град Џеда.

Паричната вредност на наградата „Сахаров“, која е именувана по некогашниот советски дисидент Андреј Сахаров, изнесува 50 илјади евра. Таа им се доделува на поединци или организации кои работат на заштита на човековите права и основните слободи. Меѓу досегашните добитници на оваа награда се и поранешниот јужноафрикански претседател Нелсон Мандела и мјанмарската опозициска лидерка Аунг Сан Су Ќи.

Би можело да ве интересира

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

Марк Ангал е нов потпретседател на ЕП на местото на Ева Каили

А1он

Запленети околу 1,5 милиони евра во истрагата за корупција во Европарламентот

А1он

ЕП ја разреши потпретседателката Каили

А1он

Европскиот парламент почна процедура за смена на Каили која е уапсена поради корупција

Ана Ололовска

ЕП и ЕУ усвоија „Механизам за прилагодување на границите на јаглеродот“

Ана Ололовска