Церемонии на врачување на Нобеловите награди

Од:

Во норвешкиот главен град Осло денеска ќе се одржи церемонијата за доделување на Нобеловата награда за мир, чии овогодишни лауреати се четири граѓански асоцијации кои придонесоа за спроведување на демократската транзиција во Тунис.

– Оружјето никогаш не може да биде решение, ниту во Сирија, ниту во Либија. Потребен е дијалог, без крв и без борци, изјави синоќа во Осло претседателот на туниската Лига за човекови права. Абдессатар Бен Муса, додавајќи дека примерот од Тунис, би можел да се употреби за ставање крај на конфликтите во Сирија и Либија.

Покрај Лигата за човекови права, овогодишни добитници на Нобеловата награда за мир се и Тунискиот генерален синдикат на трудот, Туниската конфедерација на индустријата, трговијата и занаетчиството и Туниската адвокастка организација.

Церемонијата за доделување на Наградата ќе се одржи попладнево во Градското собрание на Осло и на неа ќе присуствуваат и норвешкиот крал Харалд и членови на Владата на Норвешка.

Нобеловите награди за медицина, физика, хемија, книжевност и економија ќе бидат доделени подоцна попладнево на церемонија ѓто ќе се одржи во шведскиот главен град Стокхолм.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Норвешка: Автобусот излетал од патот и завршил во вода, има мртви

НАТО оди чекор напред – се зајакнува границата со Русија на Арктикот

А1он

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Синот на норвешката принцеза заврши во притвор: Нападна жена, таа доби потрес на мозокот

Предраг Петровиќ