Централноафриканската Република го усвои биткоинот како легална валута

Од:

Централноафриканската Република (ЦАР) го прифати биткоинот како законско средство за плаќање, соопшти денеска претседателскиот кабинет.

Ова е втора земја по Ел Салвадор која се одлучува на ваков чекор.

Пратениците едногласно усвоија нацрт-закон со кој биткоинот се претвора во законско средство за плаќање заедно со централноафриканскиот франк ЦФА и ја легализира употребата на криптовалути, а претседателот Фостен Арканџ Туадера ја потпиша мерката како закон, соопшти шефот на неговиот кабинет Обед Намсио.

– Централноафриканската Република е првата земја во Африка која го усвои биткоинот како законско средство за плаќање, рече Намсио.

– Овој чекор ја става Централноафриканската Република на мапата на најхрабрите и најдалекувидните земји во светот, додаде тој.

На 7 септември, Салвадор стана првата земја во светот која го усвои биткоинот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вредноста на биткоинот надмина 86.000 долари

(ВИДЕО) Нереални сцени: Во Африка падна снег

Биткоинот се искачи на речиси 40.200 евра

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

(ВИДЕО) Навивачка погина во стампедо: Тажен епилог на хаосот пред мечот во Мароко

Предраг Петровиќ

САД ќе и дадат 55 милијарди долари на Африка во следните три години

Ана Ололовска