ВИДЕО: По насилниот влез во парламентот, поништени изборите во Киргистан

Од:

Централната изборна комисија на Киргистан денеска ги прогласи за неважечки резултатите од парламентарните избори одржани во неделата на 4 октомври.

– Поради бројни неправилности за време на гласањето и во предизборниот период, на состанокот на членовите на Централната изборна комисија беше донесена одлука парламентарните избори да бидат прогласени за неважечки, се вели во соопштението на Комисијата.

Симпатизерите на неколку партии, кои според првичните резултати од изборите не освоија места во парламентот, синоќа се собраа на централниот плоштад во главниот град Бишкек, тврдејќи дека гласањето било наместено.

Демонстрантите, по повеќечасовни судири со полицијата, упаднаа во зградите на парламентот и владата и ги ослободија од затвор поранешниот претседател Алмазбек Атамбаев и премиерот Сапар Исаков.

Киргистанскиот опозициски политичар и поранешен висок службеник за безбедност Курсан Асанов се прогласи за вршител на должноста министер за внатрешни работи, а опозициските групи зазедоа неколку други згради, меѓу кои и канцеларијата на градоначалникот на Бишкек, и назначија вршител на должност шеф на националната безбедност, државен обвинител и командант на главниот град.

Би можело да ве интересира

Спречен обид за антивладини протести во Киргистан, уапсен се наводните лидери на бунтот

Силен земјотрес во Киргистан

Обид за државен удар во Киргистан, Москва многу внимателно ги следи сите случувања

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Киргистан

Повторно судири на таџикистанско-киргистанската граница: Две лица убиени, 55 ранети

А1он

Киргистан и Таџикистан договорија прекин на огнот

Ана Ололовска