Целосен прекин на сообраќајот на возовите „Евростар“

Од:

Сообрајќајот на линиите на возовите „Евростар“, што го поврзуваат Лондон со Париз и Брисел преку тунелот под Ла Манш, е во целосен прекин, јави дописникот на МИА од францускиот главен град.

Компанијата „Евростар“ им советува на своите патници да го одложат патувањето, откако еден од нејзините возови попладнево удри едно лице на железничката пруга во Велика Британија.

Засега се откажани седумнасет возови. Седум од Лондон кон Париз, три од Лондон кон Брисел, три од Брисел до Лондон и четири од Париз кон Лондон. Компанијата им нуди на патниците да го одложат патувањето или да им ги врати парите за картите

„Евростар“ во текот на ноември и јануари беше жртва на повеќе инциденти кои предизвикаа прекин на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата