ЦДУ и Зелените разговараа за можна коалиција два и пол часа

Од:

Германските партии ЦДУ и Зелените денеска во Берлин разговараа два и пол часа за можноста за формирање коалициска влада.

„На изборите бевме втори, но имаме ситуација во која сега треба да се формира нова влада, а постојат повеќе можности, како и коалицијата „Јамајка“, објасни по разговорите лидерот на ЦДУ, Армин Лашет.

Тој додаде дека денеска се разговарало за тоа дали е тоа можно.

– Имавме добар разговор и успеавме да продлабочиме многу теми од 2017 година, додаде Лашет.

Тој изрази уверување дека коалицијата „Јамајка“ ќе има широка поддршка од германското општество, бидејќи се верува дека таквиот сојуз може да постигне напредок во земјата.

Сепак, тој додаде дека останува на Зелените да одлучат и дека ЦДУ е подготвена да соработува.

Како лидер на Зелените, Роберт Хабек најави дека партијата, по билатералните разговори со сите партии, сега интерно ќе ги разгледа натамошните активности.

На парламентарните избори во Германија, одржани на 26 септември, СПД освои тесна победа, додека ЦДУ беше втора, но ФДП и Зелените, како трета и четврта партија, се одлучувачки за формирање на идната влада.

Можна е „Јамајка“ коалиција која би ја сочинувале ЦДУ, Зелените и ФДП, како и коалиција „Семафор“, која може да ја формираат СПД, Зелените и ФДП.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија