Царината во Хонг Конг заплени метамфетамин во вредност од 140 милиони долари

Од:

Хонгконшката царина во најголемата заплена на дрога во својата историја запленила два тона течен метамфетамин, соопштија денеска тамошните власти.

Дрогата, запленета на 23 октомври, била скриена во шишиња означени како кокосова вода, во карго пратка што пристигнала во Хонг Конг по море, соопшти владата.

Вредноста на запленетата дрога е проценета на 1,1 милијарда хонгконгшки долари (140 милиони американски долари).

Властите откриле дека 1.800 од 7.700 шишиња содржат течен метамфетамин. Запленетиот метамфетамин е рекорд според количерство и пазарната вредност.

Властите сè уште го истражуваат случајот и сè уште нема уапсени.

Дрогата била наменета за Австралија и била испратена од Мексико, преку Хонг Конг, соопштија хонгкошките власти на денешната прес-конференција.

Во Австралија пазарната вредност на дрогата би можела да достигне околу една милијарда американски долари.

Пратката предизвикала сомнеж кај цариниците затоа што била невообичаено голема за количество кокосова вода што се увезува од Мексико.

Ова е втор пат за помалку од две недели метамфетамин да се најде во пратки од Мексико до Австралија. Царинските службеници овој месец запленија кристален метамфетамин во вредност од околу 5,9 милиони долари во пратка со електрични трансформатори, исто така, наменети за Австралија од Мексико.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кинескиот суд одлучи: Затвор за лицата кои упаднаа во градското собрание во Хонг Конг

Горан Наумовски

Хонг Конг: Седуммина уапсени во случај на „перење“ 1,8 милијарди долари

Хонг Конг: Две лица ги загубија животите во поплавите, повеќе од 100 лица се повредени

ВИДЕО: Тајфунот фрла девојка на улица, вода продира низ зградите: Драматична снимка од невремето во Хонг Конг

(ВИДЕО) Силниот тајфун Саола го погоди Хонг Конг

Екстремен спортист загина во Хонг Конг додека се фотографираше