Бурна политичка недела во Стразбур

Од:

Европскиот парламент и Советот на Европа утре на неколку часа ќе бидат домаќини на папата Франциско, кој се очекува да одржи два говора што треба да содржат пораки за надеж и хуманост, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Доаѓањето на папата во Стразбур е државничка посета на европските институции со кои Светата столица одржува дипломатски контакти. Црковните и градските власти на Стразбур се надеваат дека Папата ќе најде време да ја посети катедралата која го слави илјадолетието и традиционалниот божиќен пазар, сепак појаснуваат дека не е предвидена богослужба.

Последниот пат кога еден папа беше гостин во Стразбур, тоа беше пред 26 години на 11 октомври 1988 година, кога Јован Павле Втрои им се обрати на европратениците непосредно пред уриваањето на Берлинскиот ѕид.

Папата Франциско одговори на поканата упатена во името на Парламентот од Претседателот Мартин Шулц, за време на неговата посета на Ватикан на 11 октомври 2013.

За време на неколкучасовниот престој, покрај средбите со највисоките претставници на ЕУ и Советот на Европа, папата ќе одржи два говори: првиот во Европскиот парламент, а вториот во Советот на Европа во рамките на 65-годишнината од неговото основање.

Вечерва во Стразбур ќе допатува целокупниот состав на Европската комисија – сите 28 еврокомесари, за да присуствуваат на расправата за иницијативата за недоверба против Жан-Клод Јункер, поттикната од екстремно десничарските европарламентарци.

Така, само еден месец по изборот на новиот состав на Комисијата, Европскиот парламент повторно ќе трeба да гласа за доверба или недовреба на Комисијата, бидејќи европратениците не може да гласаат само за Јункер, туку за целоти тело.

Тоа што не и успеа на екстремната левица и успеа на крајната десница. Групата за Европа на слобода и директна демократија на Британецот Најџел Фарaџ од УКИП, заедно со францускиот Национален фронт, успеаа да соберат 76 потписи и да поднесат барање за гласање доверба на Жан-Клод Јункер, поради афертата „ЛуксЛикс“ со системот за избегнување на плаќање данок во Луксембург.

Првпат за доверба на Комисијата се гласаше во 2005 година, исто така по иницијатива на Најџел Фарaџ, кога тој го обвини Жозе Мануeл Баросз за поминатиот одмор на јахтата на грчкиот бродски и банкарски магнат Спирос Лацис.

Расправата за довербата на Комисијата е предвиденa за утре во 18 часот, додека гласањето ќе биде во четврток.

Ова е нов обид на еурофобите да ја ослабат Европската унија. Практиката со даноците во Луксембург, чиј премиер долги години беше Јункер, е дозволена легално, сепак таа често предизвикува негативни рекации и кај умерените партии. Никој не верува дека во четврток Јункер ќе ја загуби довербата на ЕП, бидејќи тоа би значело политичка криза по тешката економско-финансиска криза на ЕУ.

Францускиот еврокомесар Пјер Московиси, доби задача да се обиде да ја усогласи даночната политика на ниво на ЕУ, а еврокоемсарката Маргрете Вестагер да ја заврши истрагата за Луксембург.

Покрај ова, од утре вечер во Стразбур се наоѓа и делегација на Собранието на Република Македонија, со оглед дека в среда и четврток тука се состанува и мешовитиот парламантарен Комитет ЕУ-Македонија.

Би можело да ве интересира

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

Грушко: Русија не планира враќање во Советот на Европа

Ана Ололовска

Марк Ангал е нов потпретседател на ЕП на местото на Ева Каили

А1он

Путин предлага раскинување на 21 договор на Советот на Европа кои се однесуваат на Русија

Ана Ололовска

Запленети околу 1,5 милиони евра во истрагата за корупција во Европарламентот

А1он

ЕП ја разреши потпретседателката Каили

А1он