Бурата Кјара стигна до Австрија, се очекува нова бура во Германија

Од:

Седум лица загинаа во невремето предизвикано од бурата Кјара, која веќе неколку дена беснее во северна и централна Европа. Бурата предизвика и бројни одложувања или откажувања на летови, железнички и бродски линии.

Кјара денеска пристигна и до австрискиот град Салцбург, недалеку од германската граница, каде околу 400 пожарникари со часови се обидуваат да ги отстранат сите дрвја што паднаа по патиштата и врз автомобилите.

Германската железничка компанија „Дојче бан“, која вчера ги прекина сите возења на долги релации, соопшти дека повеќето линии повторно се воспоставени, освен во јужниот дел на земјата, каде се уште дува силен ветар.

Во северна Баварија, каде ветарот дува со јачина од 160 километри на час, бурата произведе рекордна количина електрична енергија во ветерниците.

Германската метеоролошка служба соопшти дека се очекува ветерот да ја намали јачината во поголем дел од земјата и дека се придвижува кон југоисток.

Во североисточна Германија се очекува нова бура која најпрво ќе го зафати Балтичкиот брег, а се очекуваат и обилни врнежи од дожд. Силен дожд се очекува и во Франција и Белгија.

Во Англија и Шкотска и натаму е на сила предупредувањето од поплави, а големата количина врнежи од дожд доведоа до излевање на голем број реки.

Од невремето се забележани и смртни случаи во Полска, Шведска, Велика Британија, Словенија, Германија и Чешка.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Извлечени завеани пет малолетни и едно возрасно лице од село Рајчани

3,5 милиони евра за снегот и мразот по улиците, но сумата допрва ќе расте

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снежна бура во САД, издадено предупредување за над 60 милиони луѓе