Сепаратистичките бунтовници во Мали се согласиja на примирје со Владата, два дена откако судирите со армијата претставуваа закана да предизвикaат хаос во земјата, јави ДПА.
Три туарешки бунтовнички групи, кои го окупираа северниот град Кидал, потпишаа спогодба, која треба да биде потпишана и од Владата.
Потпаролот на една од групите изјави дека спогодбата за прекин на огнот била потпишана по пoсетата на Кидал на претседателот на Африканската унија Мохамед Оулд Абдел Азиз, кој беше придружуван од специјален претставник на генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун.
Една од групите, Националното движење за ослободување на Азавад, кое бара независност на северниот дел на западноафриканската држава соопшти дека неговите борци се во близина на градот Гао, каде поранешната колонијална сила Франција распореди околу илјада војници.