Бундестагот ја изгласа резолуцијата за геноцидот над Ерменците во Турција

Од:

Германските пратеници денеска ја изгласаат резолуцијата за резолуцијата со која турскиот масакр над Ерменците се признава како геноцид.

„За“ резолуцијата гласаа сите партии во Бундестагот. Во гласањето само еден пратеник беше „воздржан“, а еден „против“.

Резолуцијата под име „Сеќавање на геноцидот над Ерменците и другите христијански народи во 1915 и 1916 година“ е изгласана и покрај предупредувањата на Турција дека ќе бидат нарушени односите меѓу двете држави.

Претходно, турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави дека гласањето во германскиот Бундестаг за резолуцијата со која турскиот масакр над Ерменците се признава како геноцид би било „тест на пријателство“ меѓу Берлин и Анкара.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски