Буданов одби полско одликување, вели дека тоа бил чин на непријателство

Од:

Шефот на украинскиот претседателски кабинет, Кирил Буданов, изјави дека го одбива Златниот офицерски крст од Орденот за заслуги за Полска, кој му го додели минатата година полскиот претседател Карол Навроцки.

Буданов на Фејсбук изјави дека ја донел одлуката откако полскиот претседател изјавил дека му го одзел Орденот на Белиот орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Според него, таков потег е „непријателски чин“ против украинскиот народ и, како што изјави, би можел да биде од корист за интересите на Русија, објави Укринформ.

Буданов нагласи дека Украина и Полска имаат долга заедничка историја со херојски, но и трагични поглавја, оценувајќи дека историските прашања не треба да се користат за политички пресметки. Додаде дека Украина го задржува правото на сопствено национално сеќавање и достоинство.

Тој, исто така, оцени дека одлуката на полскиот претседател нема никаква врска со правдата, наведувајќи како пример дека поранешниот италијански премиер Бенито Мусолини, според него, сè уште не е формално лишен од истото полско одликување.

Буданов рече дека Украина ќе продолжи да развива партнерство со сојузниците, вклучувајќи ја и Полска, но врз основа на меѓусебно почитување и еднаквост.

Тој нагласи дека Украина ќе продолжи да се бори за безбедноста на Европа, вклучувајќи ја и Полска, но дека не може да го игнорира, како што изјави, растот на непријателството кон украинските граѓани. Буданов изрази увереност дека неговата одлука ќе биде поддржана и од украинската јавност.

Претходно, украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха објави дека го враќа Командантскиот крст со Ѕвездата на Орденот „За заслуги за Полска“, кој му беше доделен во 2022 година.

Би можело да ве интересира

Украина: Пет лица се повредени во рускиот воздушен напад врз Павлоград

Москва: Руските вооружени сили нападнаа украински магацини за беспилотни летала во регионот Харков

Украинската полиција ги повика жителите на Запорожје да го напуштат градот на 48 часа

(ВИДЕО) Голем напад врз Белгород, најмалку три лица загинаа, а 25 се повредени

Горан Наумовски

Русија ја нападна Одеса со балистички ракети и дронови

Москва: Руските сили извршија ракетен напад врз воено-индустрискиот комплекс во Киев