Бројот на жртвите од земјотресот во Индонезија се зголеми на најмалку 22 лица

Од:

Најмалку 22 загинати и 210 повредени е најновиот биланс на жртвите од силниот земјотрес што вчера ја погоди индонезиската провинција Ацех, соопшти денеска официјален претставник на Националната агенција за справување со катастрофи.

– Повеќе од 1.500 куќи и згради се оштетни од земјотресот, изјави Сутопо Нугрохо, портпарол на агенцијата.

Како што пренесува ДПА, најтешко погодени од потресот се окрузите Бенер Мериах и Централен Ацех, каде се испратени дополнителни спасувачки и медицински екипи се.

Заменик-началникот на округот Бенер Мериах, Русли Салех истакна дека на повредените им била дадена медицинска помош во шатори, надвор од локалната болница, која исто така била малку оштетена.

– Минатата ноќ се случија неколку помали потреси и пациентите се уште се трауматизирани, па затоа сакаа да бидат лекувани на отворено, нагласи Салех, додавајќи дека во овој округ загинале 12 луѓе.

Гласините дека вулканот Бурни Телонг, кој се наоѓа во близина, би можел да еруптира предизвика паника и голем број од жителите ноќта ја минале под отворено небо. Меѓутоа, Центарот за вулканологија соопшти дека активноста на вулканот е нормална.

Вчерашниот земјотрес со интензитет од 6,2 степени според Рихтер се случи во западната провинција Ацех, со епицентар на 55 километри западно од градот Биреун, кој се наоѓа во западниот дел на островот Суматра.

Во 2004 година во земјотрес и цунами во истата провинција загинаа околу 170.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

Земјотрес во Тајван со јачина од 5,8 степени

Земјотрес во Нови Пазар

Два силни земјотреси го погодија Тајван

Горан Наумовски

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес