Бројот на жртви во земјотресот во Индонезија се зголеми на 268

Од:

Бројот на загинати во земјотресот во Индонезија со јачина на ударот од 5,6 степени, се зголеми на 268, а 151 лице се водат како исчезнати, покажаа податоците на агенцијата за справување со катастрофи на земјата, додека претседателот Џоко Видодо вети обнова на оштетените домови, пренесе германската новинска агенција ДПА.

Земјотресот е регистриран во близина на градот Чианџур, на околу 100 километри јужно од Џакарта, а бил почувствуван и во главниот град, каде луѓето панично истрчувале од зградите.

Видодо изрази длабоко сочувство за катастрофата.

– Патишта што беа затрупани вчера, се повторно отворени, благодарение на Бога. Ќе следуваат брзи спасувачки напори за оние кои можеби сè уште се закопани, изјави Видодо.

Како што додаде тој, владата ќе им додели до 100 милиони рупии, 6.300 долари, на лицата чии куќи беа оштетени.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтер во близина на брегот на Индонезија

Разорен земјотрес кај Индонезија

ВИДЕО: Шестгодишно дете спасено од урнатините два дена по земјотресот во Индонезија

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно момче спасено под урнатините, 40 часа по земјотресот во Индонезија

А1он